Студент по сајбер безбедност на компанијата "Apple" и покажал како хакирањето на "Mac" камерата може уредите во целост да им ги остави изложени на хакерите.
Рајанан Пикрен, кој претходно ја открил ранливоста во камерите на "iPhone" и "Mac" уредите, добил награда за која се верува дека е најголемата сума која "Apple" досега ја исплатил во рамките на ловот на багови.
Во рамките на "Big Bounty" програмата на "Apple", компанијата на Пикрен му исплатила 105.500 долари за откриениот пропуст.
Според наводите на Пикрен, новата ранливост за веб камерите се однесува на серија проблеми во рамките на "Safari" и "iCloud", за кои "Apple" сега тврди дека се исправени. Пред исправката, малициозен сајт можел да започне напад користејќи ги овие багови.
Пикрен објаснува дека ранливоста на напаѓачите би можела да им овозможи полн пристап до сите профили на интернет, од "iCloud" до "PayPal", како и до дозволи за користење на микрофони, камери и делење на екранот.
"Apple" не го коментирал овој баг, ниту е познато дали е ранливоста активно експлоатирана.
Програмата на "Apple" за лов на багови официјално може пронаоѓачите на ранливост да ги награди со до милион долари, а моменталната награда досега највисока која е јавно објавена.