Политичка коректност или „мачкање очи“: Мини Маус доби одело, бонбоните „M&M“ нови чевли – а децата ќе останат робови

Точка

28/01/2022

18:58

94.793

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Disney“ се најде на мета на остри критики откако беше претставен новиот „прогресивен“ костим за омилениот цртан јунак – Мини Маус.

Синото одело со панталони го дизајнирала познатата креаторка Стела Мекартни, а за првпат беше претставен на Инстаграм профилот на парискиот Дизниленд. Само неколку минути по објавата, корисниците на социјалните мрежи изразија огорченост поради промената на стилот.

Многумина забележуваат дека Мини сега изгледа исто како Мики во одело, додека конзервативната политичка аналитичарка Кендас Овенс истакнала дека ова е чист пример како компаниите во обид да се претстават како политички коректни, менуваат нешта кои никого не навредуваат.

„Тоа е направено за сите да зборуваат за Мини Маус, а не за инфлацијата. Погледнете ја Мини, светот напредува бидејќи таа облече одело со панталони. Заборавете што не можете ништо да купите во продавница и што парче сланина чини 30 долари, барем се занимаваме со вистински проблеми“, гласи саркастичната забелешка на Овенс.

Мини Маус која наскоро ќе „наполни“ 100 години, е препознатлива по црвено-белиот фустан со точки и црвената панделка помеѓу ушите. Стела Мекартни го креирала новиот костим за Мини во пресрет на месец март, кој во поединечни западни земји е прогласен за месец на женската историја, а целта на новата облека на цртаниот лик е да ја трансформира анимацијата во „симбол на напредок за новите генерации“.

Подеднакво интересен случај ја привлече јавноста во САД во последните неколку недели.

Имено, кондиторската компанија „Mars“ решила да редизајнира два лика на бонбоните „M&M“, а промените се однесуваат на потпетиците кои ги носат зелената и кафеавата бонбона, кои се заменети со поудобни чевли за да биде спречена „сексуализација“ на овие ликови.


Сето тоа би било смешно и/или глупаво доколку компанијата, која толку се грижи за политичката коректност, да не се наоѓаше во центар на скандал поврзан со робовладетелство во Африка.

Организацијата „International Rights Advocates“ ги тужи кондиторските гиганти „Mars“, „Nestle“ и „Hershey“ откако беше обелоденето дека профитирале од робовско работење на деца на Брегот на слоновата коска, кои без надомест работат на плантажите со какао.

Компанијата во име на политичката коректност ги замени потпетиците на бонбоните токму во момент кога медиумите започнаа да се занимаваат со случајот на ропство на плантажите, што многумина го протолкуваа како обид да се прикријат ваквите морничави откритија.

Што е најлошо од сè, се чини дека успеале во тоа. Во последните неколку дена на „трендинг“ на Твитер и другите социјални мрежи најмногу се зборува за редизајнот на анимираните „М&М“ бонбони додека приказната за робовладетелството падна во втор план.

Јасно се гледа примерот на крајното лицемерие кое владее во „развиениот“ свет – од една страна е борбата никој да не биде навреден, а од друга страна се децата робови од „помалку вредните“ земји кои со тешката работа и своите животи ја плаќаат цената на политичката коректност на Западот, пишува „Novosti.rs“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг