36 години од катастрофата на НАСА, смртта на астронаутите во живо ја гледале милиони луѓе

Точка

28/01/2022

15:46

39.631

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 36 години се случила една од најголемите катастрофи во историјата на истражувањето на вселената. Кратко по полетувањето, по точно 73 секунди, експлодирало вселенското летало "Challenger".

Истрагата покажала дека до експлозијата дошло поради заптивка внатре во ракетниот засилувач, кој протекол поради студеното време. Жешките гасови излегле преку заптивката и го пробиле надворешниот резервоар за гориво, што предизвикало експлозија.

Загинале сите седум астронаути.

Дик Скопби, Крист МкАулиф, Грегори Џарвис, Џудит Ресник, Мајк Смит, Роналд МекНер и Елисон Онизука тој ден го загубиле животот.

Тешката несреќа во директен пренос ја гледале милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг