Хипертензијата се смета за тивок убиец, а огромен број луѓе во светот патат од неа. За високиот крвен притисок се препишува терапија, но и оваа тинктура може да биде од помош.
Високиот крвен притисок неповолно влијае на сите органи, а први на удар се мозокот и срцето. Доколку страдате од хипертензија, важно е навреме да отидете на лекар кој ќе ви препише соодветна терапија. Земањето лекови кои ќе ги одреди вашиот доктор е најдобар начин како да го држите нивото на крвниот притисок под контрола, а за таа цел можат да ви помогнат и природните препарати.
Чаевите и тинктурите од билки станаа неизоставен дел од терапијата на оние кои имаат проблеми со високиот притисок, а ние ви претставуваме еден рецепт кој се користи со години.
За оваа тинктура потребни ви се половина литар алкохол (96%) и 5 лажици цвет од глог.
Ставете ги состојките во шише кое добро ќе го затворите, а потоа оставете го да отстои 10 дена на собна температура со тоа што еднаш дневно ќе го протресувате.
По 10 дена прецедете и земајте по 20 капки дневно со малку вода.
Освен за хипертензија, овој природен лек е добар и за смирување на срцето, како и за несоница, а за таа цел пијте го навечер пред спиење и земајте 40 капки, исто така разредени со малку вода.