Хорнер: Би сакал неверојатниот Хамилтон да вози и оваа сезона

Макфакс

28/01/2022

12:16

47.350

Големина на фонт

а а а

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, рекол дека би сакал да го види Луис Хамилтон и во претстојната сезона во болидот на Мерцедес.

Медиумите шпекулираат дека Хамилтон би можел да се повлече од Формула 1. Според нив, Британецот е незадоволен од се она што се случуваше на последната трка во Абу Даби, кого во последниот круг, поради дискутабилните одлуки на дирекцијата на трката, остана без шампионската титула.

„Се надевам дека Луис и понатаму ќе вози во Ф1. Тој и понатаму е неверојатен возач, вози на неверојатно ниво. Тој и Макс минатата сезона беа лига за себе, сите уживаа во нивната борба“, рекол Хорнер и дополнил.

„Тој решава. Луис самиот знае што е најдобро за неговата кариера. Тоа е негова работа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг