Шведска гради подземно складиште за радиоактивен отпад: Ќе биде безбедно идните 100 илјади години

Точка

27/01/2022

21:20

2.357

Големина на фонт

а а а

Шведските нуклеарки произвеле околу 8.000 тони радиоактивен отпад од почетокот на работата во седумдесеттите години. Сега се планира закопување на тој отпад 500 метри во близина на нуклеарната електрана Форсмарк.

Шведската влада во четвртокот одобрила изградба на подземно складиште за радиоактивен отпад за кое тврди дека ќе биде безбедно идните 100.000 години. Складирањето на нуклеарниот отпад е светски проблем од отворањето на првите нуклеарки во 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) проценува дека во светот повремено е складиран околу 370.000 тони радиоактивен отпад.


„Нашата генерација мора да преземе одговорност за нуклеарниот отпад. Ова е резултат на 40 години истражување и ќе биде безбедно идните 100.000 години“, рекла министерката за животна околина Аника Страндал.

„Тоа е конечното решение за складирање на потрошеното нуклеарно гориво. Со тоа ќе го обезбедиме користењето на постоечката нуклеарна енергија како дел од транзицијата кон првата развиена наија независна од фосилни горива“.


Шведските нуклеарки произвеле околу 8.000 тони радиоактивен отпад од почетокот на работата во 70-тите години. Сега се планира закопување на тој отпад 500 метри во близина на нуклеарната електрана Форсмарк.

Шведската одлука се случува во време на нов интерес за нуклеарна енергија која многу држави ја сметаат за клучна за напуштањето на фосилните горива и електрификацијата на општеството. Европската унија планира да вброи некои нови нуклеарки како "зелени". Швеѓаните во 1980-та година гласале против нуклеарната енергија, но нивниот став се менува, пишува "Reuters".




Спонзорирани линкови

Маркетинг