Родителите ги продале бубрезите, а сега сакаат и детето - „Ќе прифатам и 200 евра“! Хорор во Авганистан, еве колку добиле за продажба на орган

Точка

27/01/2022

19:44

3.260

Големина на фонт

а а а

Цели семејства од Авганистан се принуден да ги продаваат своите бубрези за да имаат пари за храна, додека се поголема криза ја потресува државата.

Едно семејство, вклучувајќи тројца браќа и две сестри, сите се одлучиле на операција за отстранување на бубрезите за да ги продадат за околу 1.400 евра по орган и да ги прехранат своите најблиски. Оние кои веќе ги продале бубрезите, сега ги продаваат и децата за да преживеат, бидејќи немаат повеќе што да продадат.

Брачен пар чиј идентитет не е откриен, ги продале бубрезите за да ги прехранат осумте деца, а сега размислуваат и за продавање на едно дете бидејќи се плашат дека останатите деца ќе им умрат од глад. „Пред шест месеци, мојот тригодишен син умре од глад. Можам да видам како сите умираат така...барем ако ги продадам, некој ќе ги храни“, рекла 25-годишната мајка за "Sky News" со солзи на лицето.

Нејзиниот сопруг, кој се уште не одлучил кое од осумте деца ќе го продаде, истакнал дека немаат избор и дека ситуацијата име толку тешка што најмладите деца би ги продал за цена пониска од таа за бубрег. „Веќе немаме што да продадеме. Сега мора да ги продадеме своите деца и подготвен сум да го направам тоа за цена од 200 евра. Не можам да лежам секоја вечер во кревет и да ги слушам како плачат бидејќи се гладни“, рекол тој.

Откако талибанците го преземале Авганистан во август минатата година, економијата е на работ на пропаст, а интернационалната хуманитарна помош е стопирана. Ефектите од ова ги чувствуваат многу семејства кои повеќе не можат да купат ни основни намирници за да преживеат.

Во селото Херат кое се наоѓа на границата со Иран, десетина жени ги "донирале" своите бубрези за да обезбедат храна за децата и семејствата. И други селани ги продавале своите бубрези на купувачи од Иран за да ги отплатат долговите.

„Немаме избор. Го правам ова за да ги прехранам своите деца“, рекла една мајка и ја покажала својата лузна на стомакот од каде и бил изваден бубрегот. Старешината на селото ги моли семејствата да не ги продаваат своите деца. „Го молам целиот свет, ве молам вас да не не оставате сами. Сопрете ја оваа трагедија каде луѓето ги продаваат своите деца или делови од своето тело. На Авганистан му е потребна помош“, рекол старешината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг