(Видео) Погребан Аки Рахимовски: Пејачот во вечното почивалиште испратен со македонското знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“

Точка

27/01/2022

17:19

8.702

Големина на фонт

а а а

Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски (66), кој ненадејно почина пред пет дена, е погребан во Алејата на великаните на загрепските гробишта Мирогој.

Семејството и пријателите денеска се простија од легендарниот Аки, а меѓу нив имало и бројни хрватски музички ѕвезди.

На ковчегот на Аки било поставено македонско знаме, а била изведена и македонската народна песната „Зошто си ме мајко родила“.

„Нашата улица е тажна откако ти не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат тие што остануваат“, пишува покрај фотографијата на Аки. Ова се стихови од песната Парни Ваљак, „Moja je pjesma lagana“.

Погребот бил извршен во 15 часот, кога и на радиостаниците низ регионот се емитуваше песната наречена „Повторно“, последната песна што ја отпеа Аки Рахимовски.

„Во една прилика ми рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите“, рекла неговата ќерка Дина во својот говор.

Од Аки фановите се простија и во Скопје и Словенија.

На Градскиот плоштад во Скопје во текот на вчерашниот ден посетителите му оддаваа последна почит.

На тревникот беше поставен билборд со фотографија од Аки и беше отворена книга на жалост каде граѓаните оставаат пораки, положуваат цвеќе и палат свеќи додека се слушаат и пеат хитовите што тој ги отпеа заедно со групата „Парни Ваљак“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг