Кои се можните санкции на Западот за Владимир Путин?

Точка

27/01/2022

21:09

3.430

Големина на фонт

а а а

Иако Западот може да ја санкционира Русија на многу начини, некои од тие санкции секако финансиски би ги оштетиле европските држави и САД.

Ситуацијата меѓу Русија и Украина е се потензична. Западот се заканува со тешки санкции доколку Русија навистина го нападне својот сосед, но дипломатите одбиваат да конкретизираат за какви казни станува збор за да ја остават Русија во неизвесност и да ја максимализираат можноста за одвраќање од инвазија. Поради тоа се поставува прашањето, какви санкции Западот би можел да планира?

Финансиски ограничувања

Една од мерките кои потенцијално се разгледуваат е исклучување на Русија од составот "Swift", организација која ја придвижува светската мрежа на финансиски трансакции меѓу банките и другите финансиски институции. Го користат илјадници финансиски институции и повеќе од 200 земји.

Борис Џонсон им рекол на пратениците дека забраната на "Swift" за Русија би била моќно оружје. Тоа всушност би го отежнало работењето на руските банки во странство. Оваа санкција е користена против Иран во 2012-та година и земјата изгубила значајни приходи од нафтата и голем дел од надворешната трговија.

Меѓутоа, овие санкции би можеле да ги чинат и земјите како САД и Германија, чии банки имаат блиски врски со руските финансиски институции, пренесува "BBC".


Без долари

САД на Русија би можела да и забрани финансиски трансакции кои вклучуваат американски долари. Во суштина, секоја западна компанија која би дозволила руски институции да работат во долари би се соочила со казни.

Тоа значи дека Русија би била крајно ограничена во тоа што би можела да го купи или продаде во светот.

Тоа би можело да има огромно влијание на руската економија бидејќи повеќето од нејзината продажба на нафта и гас се подмирува во долари.

Блокирање на банките

САД едноставно би можеле да стават некои руски банки на црна листа, правејќи речиси невозможно на било кого во светот да врши трансакции со нив.

Москва би морала да ги спаси банките и да направи се за да избегне раст на инфлацијата и пад на приходите.

Таа санкција, меѓутоа, ,би имала негативно влијание на западните вложувачи со пари во тие руски банки.


Таргетирана контрола на извоз

Западот би можел да го ограничи извозот на клучната стока во Русија. САД, на пример, би можеле да ги спречат компаниите кои продаваат било каква стока која содржи американска технологија, софтвер или опрема.

Тоа би можело да вклучува микрочипови кои се користат во се, од автомобили до паметни телефони и потрошувачка електроника.

Санкциите би го оштетиле не само рускиот одбранбен и воздухопловен сектор, туку и цели еден ден од нејзината економија.

Енергетски ограничувања

Руската економија на големо зависи од продажба на гас и нафта во странство. Продажбата е огромен извор на приходи за Кремљ.

Западот би можел да направи да биде илегално земјите и компаниите да купуваат нафта од големите руски енергетски џинови како што се Гаспром и Росњефт. Новиот гасовод под Балтичкото море од Русија до Германија, наречен Северен тек 2, би можел да биде напуштен. Гасоводот е подготвен за почеток на работата, но се уште чека регулаторно одобрение.

Меѓутоа, било какво ограничување на рускиот гас би ги кренало цените ширум европските држави, од кои голем дел зависат од енергијата од истокот.


Потешкотии за Западот

Главните потешкотии за Западот се да одлучат кои санкции треба да се воведат и кога. Колку санкциите треба да зависат од размерите и природата на било каков руски напад. Ако дојде до "помал напад", кои санкции би биле оправдани.

На прашањето за тоа, американските службеници велат дека постои единствена цел, но признаваат дека би можела да постои и "поделба на работата" со различни земји кои би воведувале различни санкции. Русија исто така би можела да го ублажи влијанието на западните санкции барајќи поддршка од Кина и другите сојузници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг