Билд: Њукасл и Евертон заинтересирани за Томас Милер

Макфакс

27/01/2022

16:50

3.711

Големина на фонт

а а а

Њукасл и Евертон, со големо внимание ја следат ситуацијата околу 33-годишниот Томас Милер, тврди „Билд“. Ѕвездата на Баерн има договор со клубот до јуни 2023 година.

И покрај тоа што има 33 години, Милер е еден од клучните фудбалери на Баерн. Сезонава на 29 натпревари има учинок од девет гола и 20 асистенции.

Милер, може да ги покрие сите позиции во нападот. Може да игра во врвот на нападот, позади напаѓачите и на двете крилни позиции.

Целата своја кариера, Милер е во Баерн. За клубот одиграл 610 натпревари, постигнал 223 гола, забележал 138 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг