Ревијата на Ели Сааб вчера се следела без здив: Овие фустани се чисто совршенство

Точка

27/01/2022

17:02

18.512

Големина на фонт

а а а

На Модната недела во Париз вчера беше претставена новата колекција на свечени фустани од страна на познатиот либански креатор Ели Сааб.

Неговото име одамна стана синоним за женственост и елеганција кога станува збор за гардеробата, а вљубеничките во модата вчеравечер без здив ја следеле неговата ревија.

Модниот креатор кој на прв место ја става сета убавина на женската фигура, вечната елеганција и притаениот сексапил, со новата колекција на висока мода уште еднаш ја потврди својата титула на омилен креатор на светското модно небо.


Експлозијата на најнежните нијанси на розова боја ги воодушевила сите, а освен овој женствен тон, биле застапени и креации во бела боја.

Речиси сите модели суптилно се проткаени со сребрени детали кој го подигнуваат секој модел на фустан за степен повеќе кога станува збор за елеганцијата и софистицираноста.

Од друга страна, атрактивноста и уникатноста на секој претставен модел се загарантирани низ впечатливи детали како долги реси и масивни цветови.

Во продолжение, погледнете дел од новата колекција на либанскиот дизајнер:




Спонзорирани линкови

Маркетинг