Една од најдобрите светски тенисерки, Симона Халеп даде свој коментар на се што се случи со Новак Ѓоковиќ пред самиот старт на Австралија Опен.
Србинот иако доби дозвола од медицинските комисии се соочи со проблеми по самото слетување во Мелбурн по што мина низ еден процес во кој ги доби австралиските власти на суд по што беше слободен човек за да на крајот имаме нова рунда во која домаќините го истераа она што го бараат и Ѓоковиќ мораше да ја напушти земјата.
Веќе помина одреден период од тоа, но оваа тема е се уште актуелна, па за истата Халеп даде свое видување по враќањето во Романија.
- Мислам дека на тенисот не му требаше таква ситуација. Не бев запознаена со тоа, не дојдов во таква ситуација, играв на турнирот, но тоа воопшто не ми се допадна. Јас сум вакцинирана и имам предност и верувам дека кога има правила и кога луѓе кои се стручни велат дека мора да биде така, тогаш мора да се почитуваат правилата и јас слушам што велат, изјави Халеп.