Барселона го враќа играчот кој во Англија се трансформираше во вистински ѕвер

Дерби

27/01/2022

14:22

4.230

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Барселона нема да мирува во завршницата на овој преоден рок затоа што управата на клубот сака да му ги исполни желбите на тренерот Чави Ернандез кој побара уште неколку засилување.

И додека многу се говори за прашањето поврзано околу иднината на Усман Дембеле, можниот трансфер на Алваро Мората клубот од „Камп Ноу“ е на добар пат да затвори една помалку неочекувана зделка и да го врати во своите редови Адама Траоре.

Траоре е дете на Барселона, но не ја дочека својата шанса и реши уште како тинејџер да си ја побара шансата во Англија каде физички се трансформираше во вистински ѕвер. Тој беше дел од Астон Вила, Мидлзброу за да од 2018 е дел од Вулверхемптон.

Последните информации кои доаѓаат се дека Траоре како позајмен играч ќе дојде во Барса со тоа што потоа клубот ќе има право да го откупи неговиот договор. Различни се вестите околу брзоногиот играч, некои медиуми велат дека зделката зависи од прашањето со Дембеле, додека пак други тврдат дека ова е трасфер кој ќе се реализира независно од драмата со Французинот.

Ако повремениот шпански репрезентативец потпише за Барселона тоа ќе биде удар за Тотенхем и менџерот Антонио Конте кој во играчот гледаше одлична опција за десната страна во неговата формација 3-5-2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг