Угинал најстариот мажјак горила на светот: Ози пронајден мртов во зоолошката градина во Атланта

Точка

27/01/2022

13:59

18.296

Големина на фонт

а а а

Најстариот мажјак горила на светот, Ози, бил пронајден мртов во зоолошката градина во Атланта, а имал 61 година, пренесува "Guardian".

Причината за смртта на горилата не позната, но Ози претходните недели имал слаб апетит, соопштиле од зоолошката градина.

Ветеринарите го лечеле поради симптоми како што се отоци на лицето, слабост и неможност да јаде и пие.


Ози бил најстариот мажјак горила и трета најстара горила на светот.

Со аутопсијата, која ќе биде направена на Универзитетот Џорџија, ќе биде утврдена причината за смртта.

Ози е единствениот преживеан од генерацијата која била донесена во зоолошката градина во Атланта во 1988-ма година, а станал познат во светот како првата горила која доброволно дозволила да и се измери крвниот притисок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг