Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ е на добар пат да направи исчекор во неговата кариера и од Фиорентина да премине во таборот на Јувентус.
Медиумите пренесуваат дека се е готово, односно дека недостасува само потписот на играчот за да се комплетира трансферот. Влаховиќ се уште е во Фиренца затоа што чека да закрепне од КОВИД-19, а ако најновите тестови покажат дека е негативен тој ќе се упати во Торино каде ќе треба да ги заврши задолжителните лекарски прегледи по што ќе стави потпис на договорот.
И додека се чека самата завршница на оваа приказна, „Тутоспорт“ излезе со вест за тоа која бројка Влаховиќ може да ја земе во новата средина. Според нив најверојатно тоа ќе биде „седумката“ која остана празна по заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.
Секако дека Душан повеќе би ја сакал „деветката“, но истата во моментов е зафатена од Алваро Мората кој како што стојат работите најверојатно ќе остане во Торино и покрај доаѓањето на Србинот.
Останати достапни броеви се 13, 15, 16, 26, 28, 29 или од 31 па натаму исклучок се само 36. на Матија Перин и 44 на Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски.