Интер денеска ќе доведе две засилувања како потврда за шампионските амбиции

Дерби

27/01/2022

11:59

3.182

Големина на фонт

а а а

Интер и сезонава има шампионски амбиции во Серија А, а раководството реши да им помогне на Симоне Инѕаги и неговиот тим со освежување во јануарскиот преоден рок.

Италијанските медиуми веќе потврдија дека Интер договорил две засилувања, кои денеска ќе ги минат лекарските прегледи и ќе бидат официјализирани како нови играчи на клубот од Милано.

Навивачите се посебно задоволни поради трансферот на Робин Госенс, германскиот репрезентативец кој ќе биде сериозно засилување, а за кого Аталанта ќе добие 25 милиони евра плус евентуални бонуси.

Агентот на Госенс потврдил дека трансферот е договорен, а неговиот клиент ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.

Интер ќе го засили и нападот со Фелипе Каиседо, кој ќе дојде на заем од Џенова и тоа на лично барање на Инѕаги.

Еквадорскиот фудбалер имаше одлична соработка со Инѕаги во Лацио и со своите голови како резервист често го спасуваше својот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг