(ФОТО) „Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи“: Јавниот обвинител Јовески ги покажа писмата што ги добил од терористичка организација

Точка

27/01/2022

10:19

9.261

Големина на фонт

а а а

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, вчера преку писмо добил смртна закана доколку не биде запрена постапка за еден конкретен предмет.

„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021-ва година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јовески истакнува дека се залудни ваквите закани и нагласува дека заканите, па дури и да се по живот, нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Поштенските службеници тврдат дека доколку има камера во поштенскиот објект од каде што е испратено писмото, може да се утврди идентитетот на испраќачот, со оглед дека прецизно се бележи времето (датум, час, минута) кога поштенската пратка била предадена во поштата.

Од Обвинителството наведуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.

Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја добил вчера, на 26-ти јануари 2022-ра година.

Во писмото пишува:




Спонзорирани линкови

Маркетинг