Баерн Минхен со најмногу продадени дресови во 2021, пред Реал и англиските гиганти

Макфакс

26/01/2022

21:29

2.283

Големина на фонт

а а а

„Еуромерика спорт маркетинг“, овластената компанија за аналитика на ФИФА, објави дека Баерн Минхен се клубот кој успеал да продаде најмногу дресови во 2021 година, носејќи добар приход на клубот во ера на КОВИД-ограничувања и полупразни стадиони.

Баварците се на врвот во Европа со продадени 3.2 милиони дресови, победувајќи ги Реал Мадрид со 3 милиони дресови и англиските гиганти Ливерпул со 2.4 милиони дресови и Манчестер Јунајтед со 1.95 милиони дресови. Во топ 5 е и Јувентус со 1.42 милиони дресови.

По нив во топ 10 следуваат Барселона со 1.34 милиони дресови, шампионите од ЛШ, Челси со 1.31 милиони дресови и Борусија Дортмунд со 1.18 милиони. Пари Сен-Жермен можеби добија „бонус“ со доаѓањето на Лео Меси, но продадоа „само“ 1.18 милиони дресови, додека Манчестер сити со 1.087 милиони дресови ги комплетира топ 10.



Спонзорирани линкови

Маркетинг