На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.
Ова е одлуката од денешната владина седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Оваа одлука доаѓа откако надлежните го поместија почетокот на второто полугодие за 1-ви февруари поради зголемување на бројот на новозаразени од КОВИД-19.
Од Владата повикаа на доследно придржување до протоколите за одржување на наставата со физичко присуство, додека од УНИЦЕФ го повторија ставот дека затворањето на училиштата не треба да биде првата реакција.