Лавров: Русија ќе одговори ако Западот не понуди гаранции

Точка

26/01/2022

21:30

3.433

Големина на фонт

а а а

Секој мора да знае дека безбедноста на Русија и нејзините граѓани е апсолутен приоритет и дека тие ќе бидат обезбедени во сите околности, додал тој.

Русија ќе ги преземе неопходните мерки ако Западот не пружи конструктивен одговор на предлогот на Москва за безбедносните гаранции, изјавил денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ако нема конструктивен одговор, ако Западот продолжи со агресивниот курс, тогаш, како што претседателот Путин кажа неколку пати, Москва ќе ги преземе неопходните мерки“, рекол Лавров во Државната дума, пренесува "Tass".


Во секој случај, како што додал, секој мора да знае дека безбедноста на Русија и нејзините граѓани е апсолутен приоритет и дека тие ќе бидат обезбедени во сите околности.

Русија во декември упатила предлог до САД и НАТО барајќи безбедносни гаранции дека Алијансата нема да се шири на Исток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг