Случајно ги проверувала мејловите во „спам“ и дознала дека добила 3 милиони долари на лотарија

Точка

26/01/2022

14:58

17.595

Големина на фонт

а а а

Американката Лора Спирс открила дека освоила 3 милиони долари на лотарија откако во „спам“ сандачето барала друга е-пошта.

Таа купила лото ливче за играта „Mega Millions“ на веб-страницата на државната лотарија откако видела дека потенцијалната добивка пораснала на стотици милиони долари.


„Неколку дена откако го купив ливчето, барав е-пошта од некого, па го проверив моето „спам“ сандаче. Потоа видов мејл од лотаријата во кој се наведува дека сум освоила добивка. Не можев да верувам во она што го прочитав, па се најавив на мојот профил на страницата за лотарија за да ја потврдам точноста на таа е-пошта“, изјавила Спирс.

Таа вели дека со освоените пари планира да се пензионира порано, а порачала дека отсега малку повнимателно ќе ги гледа мејловите кои ѝ пристигнуваат во „спам“.


„Дефинитивно ја додадов лотаријата „Michigan“ на својата листа на сигурни испраќачи, само во случај некогаш да ми се посреќи да добијам уште една е-порака за огромна награда“, рекла Лора.

Лото ливчињата „Mega Millions“ се продаваат во 45 американски сојузни држави, а во 2018 година еден добитник во Јужна Каролина освоил рекордни 1,6 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг