Татко ѝ мислел дека е примерна ученичка - а таа на 15 години преминала во озлогласената ИСИС

Точка

26/01/2022

14:37

5.047

Големина на фонт

а а а

Леонора два пати се обидела да побегне од таквиот начин на живот, но секогаш ја фаќал сопругот. На крајот ја вратиле во татковината во 2020-та година, по што била уапсена.

За жената која како тинејџерка побегнала од малиот германски град за да се приклучи на ИСИС во Сирија вчера почнало судењето за помагање и злосторства против човештвото. Леонора Месинг имала само 15 години кога побегнала од својот дом во Сангархаусен, во Германија, и станала истакната џихадистичка невеста, пренесува "Daily Mail".

Месинг пристигнала во Рака, тогаш престолнината на ИСИС во Сирија во 2015-та година, пред да се венча со германскиот државјанин и екстремист Мартин Лемке, исто така познат како Нихад Абу Јасир.

Маик Месинг, нејзиниот татко, во својата книга "Леонора" открил дека бил шокиран од одлуката на својата ќерка да се приклучи на смртоносната терористичка група. Открил дека само неколку дена откако исчезнала добил СМС порака во која пишувало дека Леонора го избрала Алах и исламот и дека пристигнала во Калифатот.


Месинг, која сега има 21 година, се наоѓа на обвинителна клупа во источниот германски град Хале поради сомнение дека таа и нејзиниот сопруг киднапирале жена во Сирија во 2015-та година. На судењето зад затворени врати, кое би требало да трае најмалку до средината на февруари, исто така ќе се суди на Леонора за членство во терористичка организација и кршење на законите за оружје.

Нејзиниот случај доминирал во разгорите во нејзината татковина, а Германците се прашуваат тинејџерка од мал град можела да падне во рацете на таква група .Обвинителите наведуваат дека Леонора била дел од операција за трговија со луѓе за ИСИС, откако нејзиниот сопруг купил и подоцна продал 33-годишна Јазидка за околу 800 евра. Леонора ги шпионирала германските жени во текот на нивните лекции во градот, а потоа го известувала сопругот за тоа како се прилагодуваат.


И покрај тоа, таа одржувала контакт со своето семејство во Германија и често на својот татко му зборувала за златниот накит кој го добила на денот на венчавката, за војната во Сирија, за ужасите на ИСИС, но и за секојдневни работи како печење на леб. Леонора подоцна родила две девојчиња, но била затворена во курдски камп во северот на Сирија по падот на ИСИС. Рекла дека два пати се обидела да побегне но дека ја фаќал сопругот. Признала дека направила "голема грешка" и дека сака да се врати на својот нормален живот во Германија. Во 2020-та година била вратена дома заедно со уште 54 лица, во главно деца. При слетувањето во Франкфурт била уапсена, но подоцна ослободена.

Таткото на Леонора, пекар од германското село Бреитенбах, дознал дека неговата ќерка преминала на радикален ислам откако го отворил нејзиниот компјутер и го прочитал нејзиниот дневник.


„Беше добра ученичка. Одеше во дом за пензионери и им читаше на постарите луѓе. На карневалот учествуваше како мажоретка. Тогаш многу луѓе кои ја познаваа ја видоа за последен пат“, рекол тој.

Месинг живеела двоен живот и често без знаењето на своите родители посетувала џамија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг