Легендата на Јуве: Трансферот на Влаховиќ се споредува само со еден од 1998-та година

Дерби

26/01/2022

13:19

2.591

Големина на фонт

а а а

Алесио Такинарди како легенда со дебело педигре во Торино често ги коментира сите случувања во Јувентус, а сосема очекувано, денеска на негово мени се најде најголемиот јануарски трансфер во историјата на Серија А, кој допрва треба да се реализира и комплетира.

Станува збор за договорениот трансфер на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус, премин кој Такинарди го сфаќа како директна порака од претседателот Андреа Ањели кој според него го загубил трпението со случувањата на теренот.

Тренерот Алегри се најде во незавидна ситуација по заминувањето на Кристијано Роналдо, а иако вака голем трансфер беше предвиден за наредното лето, работите подранија најмалку шест месеци.

– Од сега ќе почне ново првенство за Јувентус. Влаховиќ е единствениот кој може да ја поништи лошата сезона. Сметам дека Ањели се измори од лошиот пат по кој тргна тимот. Ова е негова силна порака за јавноста, но и за тимот. „Престанете да се шегувате, уморен сум и сакам победи, не сакам да го гледам Јувентус петти или шести“.

– Тешко се објаснува ваква инвестиција на друг начин, ова се очекуваше на крајот од сезоната, но не му се чека до тогаш. Головите се гаранција од Влаховиќ, последен ваков трансфер кој ја помести рамнотежата е оној на Едгар Давидс од Милан во Јувентус кој се случи во 1998. година. Влаховиќ ќе промени многу, но не може се сам, потребно е да реагира и тимот, особено Деибала. Сега ќе има вистински напаѓач крај себе и нема да има изговори, – вели Такинарди кој освои шест титули во Серија А како член на Јувентус, но и една во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг