(Вознемирувачко фото) Нова трагедија утрово: Пешак прегазен пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Точка

26/01/2022

12:34

15.884

Големина на фонт

а а а

Маж е прегазен денеска пред мостот „Гоце Делчев“. Во него удрило возило „БМВ Х5“со кумановски регистарски таблички.

Нема точни информации за возраста на прегазеното лице.

- Денес во 11,25 часот било пријавено дека на бул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг