Маж е прегазен денеска пред мостот „Гоце Делчев“. Во него удрило возило „БМВ Х5“со кумановски регистарски таблички.
Нема точни информации за возраста на прегазеното лице.
- Денес во 11,25 часот било пријавено дека на бул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.