Антонио Касано стана популарен на „Твич“ каде е редовен гостин во емисијата на легендарниот Бобо Виери, но од вчера, неповторливиот италијански напаѓач е актуелен и на најпознатата социјална мрежа.
Касано реши да дебитира на Инстаграм и тоа го направи во свој стил со зајадлива порака, па со оглед на тоа што на оваа социјална мрежа има и построги правила при споделување на вулгарни пораки и објави, Антонио доби безброј коментари од своите колеги.
На Антонио добредојде му посакаа звучни имиња како Џиџи Буфон, Хавиер Занети, Марко Матераци, Лоренцо Инсиње, Деметрио Албертини и Оливиер Дакур, но највпечатливата објава ја имаше поранешниот соиграч од Рома, Даниеле Де Роси.
– Здраво глупави! Од денеска ме има и на Инстаграм. Се надевам дека нема да се покајам, – порача Касано на објавата која за помалку од еден ден има повеќе од 100 илјади лајка, а под која најдобриот коментар е оној на Де Роси.
– Заштедете си време и почнете да повикувате адвокати за 12 или 13 кривични граѓански пријави. Овој ќе биде уапсен на Инстаграм за помалку од една недела, – гласи урнебесната порака на Де Роси.