(Видео) Короната повторно им ги менува плановите на победниците на Евровизија: Монескин ја откажаа европската турнеја!

Точка

26/01/2022

09:56

7.267

Големина на фонт

а а а

Италијанската група Монескин, победниците на Евровизија во 2021-ва година, нема да ја започнат пролетната турнеја наречена „Loud Kids“, како што најавија претходно.

Фронтменот на групата, Дамијано Давид, им се обрати на фановите преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.

„Сè беше подготвено да почнеме, но во последните денови добивме многу лоши вести за рестрикциите. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите каде што треба да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Засега ги откажавме сите настапи до средина на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник“, рече во видео обраќањето харизматичниот Дамијано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште 'пожешки' изведби кога за нив ќе има услови.

Монескин треба да настапат на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали ќе има публика.

Засега единствено сигурно е дека ќе имаат два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг