Лечи треска, бубрежни заболувања, уринарниот тракт, крвните садови - пијте само две шолји дневно

Точка

25/01/2022

18:10

15.436

Големина на фонт

а а а

Чајот од магдонос ги смирува нервите, ја ублажува болката, ја ублажува надуеноста, ја чисти крвта, а ова се само дел од ефектите поради кои народната медицина масовно го користи.

Магдоносот е медитеранско зачинско растение, кое поради светло зелените листови често игра главна улога во декорацијата на храната, но не е само украс, туку лек од природата.

Магдоносот се препорачува и како идеален напиток во борбата против треска, бубрежни заболувања, болести на уринарниот тракт, дијабетес, воспаление на очите, убоди, каснувања, па дури и импотенција.


Способноста на ова растение да го стимулира излачувањето на течности од телото е неверојатна, па затоа е многу корисно за здравјето на бубрезите и целиот уринарен тракт. Коренот од магдонос делува како диуретик, па затоа се користи за лекување на разни форми на прекумерна акумулација на течности во телото.

Освен што го поттикнува излачувањето на течности, го стимулира и излачувањето на соли во организмот и влијае на намалување на крвниот притисок.


Од слични причини, може да помогне во борбата против дебелината. Потоа, чајот од магдонос ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се намалува ризикот од развој на чести кардиоваскуларни заболувања.

Рецепт за чај од магдонос

Една кафена лажичка семе, листови или корен од магдонос прелијте со 200 мл врела вода, оставете да отстојат 10-15 минути и процедете.

Пијте го чајот топол помеѓу оброците 2-4 пати на ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг