„Запејте пак со Аки“: Тони Цетински со емотивна порака на роденденот на Тоше

Точка

25/01/2022

17:33

9.303

Големина на фонт

а а а

Пејачот Тони Цетински на денешен ден се потсети на својот драг колега, кој прерано нè напушти.

Тоше Проески денеска би наполнил 41 година, а по тој повод неговиот пријател Тони му упати емотивни зборови.

„Среќен ти роденден, Тоше! Запејте ја ти и Аки пак, онака од дното на душата, со вашите прекрасни гласови - Јесен у мени“, напиша Цетински на својот Инстаграм профил.

Цетински објави неколку нивни фотографии во форма на буквата „Т“, со уште една посебна порака:

„Засекогаш твои, потпишуваме“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг