Новиот гејминг телефон ќе има дури 22 ГБ РАМ

Точка

25/01/2022

16:35

37.730

Големина на фонт

а а а

Леново го подготвува својот нов гејминг телефон, а сега се појавиле и комплетните спецификации на уредот.

"Lenovo Legion S90" гејминг телефонот во претходниот период се појавил како дел од различни вести и гласини, а сега ги добивме најточните достапни информации за уредот.

Автентичноста на достапните податоци не е позната, но самиот дојавувач "@Pandaisbald" има добра репутација кога станува збор за претходни дојави за необјавени уреди.


Без премногу изненадувања, "Legion S90" ќе користи "Snapdragon 8 Gen 1" чипсет. Во комбинација со споменатиот чип доаѓа и 18 ГБ РАМ, кој може да се прошири до 22 ГБ со помош на РАМ екстензија на Андроид.

Се споменува и 640 ГБ складишен простор, што ќе биде можно со комбинирање на дискови од 512 ГБ и 128 ГБ.


Дисплејот би требало да биде "Samsung E4 AMOLED" со големина од 6,92 инчи и со 144Hz освежување. На поле на камерите се очекуваат 44МП селфи од предната страна, како и 64МП главна камера од позади и 16МП ултраширока камера.

Достапните информации споменуваат и надградено решение за ладење, како и постоење на физички тастери кои би можеле да бидат шест на број.

Се очекува "Lenovo Legion S90" гејминг телефонот да биде претставен во текот на февруари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг