Македонската естрада се простува од маестро Џамбазов: „Си замина тивко и нечујно“, „Музиката на сечие детство и младост“, „Треба да си во алејата на великаните“

Точка

25/01/2022

16:20

11.655

Големина на фонт

а а а

На 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, а веста утрово на социјалните мрежи ја сподели неговиот син, Игор Џамбазов.

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денеска, конечно со својата Анче. вечен нека нѝ е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

Македонската естрада е завиена во црно по смртта на легендардниот Џамбазов, а на социјалните мрежи постојано се споделуваат разни емотивни пораки по оваа голема загуба на домашната сцена.

„Прекрасен документарец за тато Александар, сеќавање на прекрасните денови од стара Југославија, во кои имаше љубов, ентузијазам, насмевки и разбирање од државата за важноста на музичката култура… Благодарам на сите кои го направија овој документарец, споделете го со вашите дома, ќе им биде ќеф. Фала Илина Арсова што го најде, ми се наполни срцето и ми се направи голема грутка во грлото. Преубави времиња, и посебен човек, тато“, напиша вчеравечер ќерката на Александар, Тања Џамбазова.

прекрасен документарец за тато Aleksandar Dzambazov. секавање на прекрасни денови од стара Југославија во кое се имаше...

Posted by Tanja Dzambazova on Monday, January 24, 2022

„Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен“, напиша Илина Арсова, партнерката на Игор Џамбазов.

„Што муабет си изнаправивме овде. Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо“, напиша Каролина Гочева.


„Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор. Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор! Игор и Тања, моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче“, напиша Весна Петрушевска.

„Почивај во мир и вечна ти слава драг Маестро. Македонија денес губи добрина, интелигенција, маестралност, но ти ќе останеш бесмртен засекогаш во нашите срца како и целото творештво што ни го оставаш“, вели оперскиот пејач Благој Нацоски.

Почивај во мир и вечна ти слава драг Маестро. Македонија денес губи добрина, интелигенција, маестралност, но ти ќе...

Posted by Blagoj Nacoski on Tuesday, January 25, 2022

„Душа човек, прекрасен музичар. Царство небесно маестро Џамбазов“, напиша Игор Дурловски.

Душа човек,

прекрасен музичар.

Царство небесно маестро Џамбазов?

Posted by Igor Durlovski on Tuesday, January 25, 2022

„Почивај во мир, драг маестро. Музиката на сечие детство и младост“, вели Александар Митевски.

Почивај во мир, драг маестро ?

Музиката на сечие детство и младост ❤️

Posted by Aleksandar Mitevski on Tuesday, January 25, 2022

„Прекрасен композитор, прекрасен човек. Почивај во мир маестро“, напиша и Драган Спасов Дац.

Прекрасен композитор, прекрасен човек.

Почивај во мир маестро.

Posted by Dragan Spasov Dac on Tuesday, January 25, 2022

„Еден и единствен, Маестро Џамбазов, почивај во мир. Најдобриот, милиот, насмеаниот, прекрасниот Маестро денеска се одјави. Каква љубов ширеше каде и да се појавеше! Ти благодариме за сè што ни остави Маестро“, вели Кристина Арнаудова во својата објава.

Еден и единствен, Маестро Џамбазов, почивај во мир ?. Најдобриот, милиот, насмеаниот, прекрасниот Маестро денес се...

Posted by Kristina Arnaudova on Tuesday, January 25, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг