Чави ги отпишал овие шестмина

Макфакс

24/01/2022

11:56

2.745

Големина на фонт

а а а

Усман Дембеле и уште петмина треба да ја напуштат Барселона до крајот на преодниот рок. Чави, смета дека , играчите кои се ставени на трансфер листата немаат квалитет да го носат дресот на Барселона, исклучок е Дембеле, кој поради однесувањето е непожелен на „Ноу Камп“.

Дембеле, синоќа не беше со тимот на гостувањето кај Алавес. Францускиот репрезентативец не се појавил на утринскиот состанок, наводно поради болки во стомакот. Клубот најави дека тој ќе биде казнет. Исто така, Чави очекува тој да биде продаден до крајот на преодниот рок.

Чави повеќе нема да ги користи услугите на Сержињо Дест, Самуел Умтити, Клеман Ленгле, Рики Пуиг, Алехандро Балде и Оскар Мингеза.

Проблем за Чави е што Барселона добила понуда само за Мингеза, за останатите четворица никој не пројавил интерес.

Мингеза има понуда од Валенсија да се пресели на „Местаља“ на позајмица, до крајот на сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг