Безос вложи огромна сума на пари: Американецот сака да го исполни тоа за што многу од моќните луѓе фантазирале низ историјата

Точка

24/01/2022

12:11

44.328

Големина на фонт

а а а

Американскиот бизнисмен и мултимилијардер, Џеф Безос, вложил огромна сума на пари во компанија која се занимава со пронаоѓање начини да се „продолжи човековиот живот“.

Компанијата „Altos labs“ објавила дека собрале три милијарди долари и дека се подготвени да ги започнат нивните истражувања.

Коосновачите јавно ја започнале иницијативата за истражување на стареењето со име „Altos lab“, со три милијарди долари почетно финансирање од спонзорите, а меѓу нив и основачот на „Amazon“, Џеф Безос.


Стартап компанијата „Alto labs“ службено била основана минатата седмица, а на чело на компанијата е Хал Барон, поранешен главен научен директор во GSK, фирмата која се занимава со иновативни лекови, вакцини и здравствена заштита за широка потрошувачка.

„Длабоко сум почестен што ми е понудена оваа прилика која се дава еднаш во животот, да водам толку едноставна компанија со трансформативна мисија на болестите“, изјавил Барон.

Во оваа потрага за бесмртност ангажирани се и двајца добитници на Нобелова награда: Шинја Јаманака и Џенифер Дудна, пренесува „Спутник“.

Биолошко репрограмирање


На проектот неодамна работел и Хал Барон, некогашен шеф на фармацевтскиот гигант „GlaxoSmithKline“. Како што кажавме, тимот на „Alto Labs“ е составен и од Шинја Јаманака, добитник на Нобелова награда во 2021 година за работа на матични клетки и Џенифер Дудна, лауреат од 2020 година која развила методи за инженеринг на геноми.

Тие се занимаваат со технологија на биолошко репрограмирање, односно подмладување на клетите, а крајната цел е ревитализација на човековиот организам и продолжување на животот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг