Дончиќ 37, Јокиќ 34, Богдановиќ утна шут за победа

Макфакс

24/01/2022

10:51

11.894

Големина на фонт

а а а

Далас Маверкс и Голден стејт вриорс ги добија дерби мечевите против Мемфис гризлис, односно Јута џез.

Победата на Далас над Мемфис 104:91 ја обележа пресметката помеѓу Лука Дончиќ и Џа Морант.

Асистенција му фалеше на словенецот за трип-дабл, дуелот го заврши со 37 поени, 11 скокови и девет асистенции. Морент постигна два поени помалку, имаше два скока повеќе од Дончиќ и шест асистенции.

Далас ја потврди добрата форма, ја забележа 11. победа на последните 13 натпревари.

Голден стејт славеше над Јута 94:92. Бојан Богдановиќ не успеа да погоди тројка за победа со звукот на сирената. Хрватот со 21 поен беше најефикасен на теренот. Голден стејт го предводеше Џордан Пул со 20 поени.

Денвер нагетс успеа да го победи Детроит пистонс со 117:111. Никола Јокиќ мечот го заврши со 34 поени, девет скока, осум асистенции, две украдени топки и една блокада.

Резултати: Торонто-Портланд 105:114, Мајами-ЛА Лејкерс 113:107, Орландо-Чикаго 114:95, Шарлот-Атланта 91:113, Минесота-Бруклин 126:125.



Спонзорирани линкови

Маркетинг