(Фото/Видео) Пожарот во објектот на „Жито Битола“ e изгаснат, причинета е огромна штета

Точка

24/01/2022

09:30

4.087

Големина на фонт

а а а

Изгаснат пожарот што избувна вчера околу 17 часот во „Жито Битола“, како што информира заменик-командирот на противпожарната единица Горан Димкоски во изјава за телевизија „Канал 5“.

Во гаснењето на огнот учествувале 29 пожарникари и девет возила.

Според досегашните информации, огнот избил на покривната конструкција од засега непознати причини.

Причинета е голема материјална штета, но нема жртви.


Градоначалникот Тони Коњановски претходно рече дека станува збор за стар објект којшто е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекарница, млин и силос.


Во моментот на избувнување на пожарот внатре имало двајца работници кои навреме излегле.




Спонзорирани линкови

Маркетинг