(ВИДЕО) Шефот на германската морнарица поднел оставка по изјавите за Путин: „Ја замолив министерката за одбрана веднаш да ме разреши од должност“

Точка

23/01/2022

10:36

7.648

Големина на фонт

а а а

Шефот на германската морнарица поднел оставка вчера, откако наишол на критики поради тоа што рекол дека рускиот претседател Владимир Путин заслужува почит и дека Киев никогаш нема да го врати анектираниот Крим од Москва.

„Ја замолив министерката за одбрана Кристин Ламбрехт веднаш да ме разреши од должноста“, рекол вицеадмиралот Кеј-Ахим Шоенбах во соопштението и додал:

„Министерката го прифати моето барање“.

Шоенбах своите ставови ги изнел на дискусија во истражувачки центар во Индија во петокот, а снимката била објавена на социјалните мрежи. Коментарите уследиле во чувствителен момент откако Русија собрала десетици илјади војници на украинските граници.

Дипломатските напори се насочени кон спречување на ескалациите. Русија демантира дека планира инвазија на Украина. Во Њу Делхи, Шоенбах, зборувајќи на англиски јазик, рекол дека Путин сака Западот да го третира како рамноправен.

Шоенбах признал дека Западот треба да се позанимава со руските акции во Украина. Сепак, тој додал дека Крим "исчезнал", дека повеќе никогаш нема да се врати, и дека тоа е факт, што е целосно спротивно од заедничкиот став на Западот дека анексијата на полуостровот на Москва од Украина од 2014-та година не може да се прифати и мора да биде поништена.

Пред оставката на Шоенбах, министерството за одбрана јавно ги критикувало неговите изјави, велејќи дека ни со содржината ни со формулацијата не го одразуваат ставот на Германија.

Шенбах се извинил за своите коментари.

„Моите непромислени забелешки во Индија се повеќе ја оптоваруваат мојата канцеларија“, рекол тој. „Го сметам овој чекор за неопходен и сметам дека ќе се спречи понатамошна штета на германската морнарица, германските сили и посебно Германија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг