Шаповалов го „уништи“ Зверев, Надал со епски прв сет од час и 20 минути

Макфакс

23/01/2022

10:15

1.970

Големина на фонт

а а а

Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:3/7:6(5)/6:3 го совлада третиот носител на Австралија опен, Александер Зверев за да закаже пресметка со првиот фаворит Рафаел Надал во четврт-финалето на првиот гренд слем од сезоната, откако Надал се намачи во првиот сет од час и 20 минути, пред со 7:6(16:14)/6:2/6:2 да го совлада Французинот Адријан Манарино.

Надал и Манарино одиграа неверојатен прв сет, и во тај-брејкот имаа повеќе сет-топки, за на крај Шпанецот да го добие со 16:14 по 28 минути и 40 секунди игра само во тај-брејкот. Ова е 14. четврт-финале во Мелбурн за Надал, шампионот од 2009 година и финалистот од 2012, 2014, 2017 и 2019 година.

Шаповалов пак, ги искористи проблемите на Зверев на жештината во Мелбурн за својата најголема победа во кариерата.

„Секогаш е чест да се игра против тенисер како Рафа. Знам дека ќе имам тешка битка против него, но верувајте, ќе уживам“, изјави 22-годишниот Канаѓанец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг