Новак си заминува во Марбеља? Вака изгледа вилата на Ѓоковиќ во Шпанија - луксуз на сите страни, а цената е права 'ситница'

Точка

22/01/2022

22:39

7.362

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ се врати во Србија по 11 турбулентни денови во Австралија и правна битка за место на Австралија опен, која заврши со депортација. По краткиот престој во Белград, тој замина во Црна Гора каде привлекува големо медиумско внимание.

Српскиот тенисер веднаш од аеродромот отишол во својот стан во населбата „Запад 65“, а два дена подоцна бил во црквата на Калемегдан на литургија.

Последниве денови престојува во Тиват, каде има стан во Порто Монтенегро, а не е исклучено Новак од Црна Гора да отпатува во Шпанија, каде што поседува вила во Марбеља.


Ѓоковиќ ги има сите потребни услови за тренинг во Шпанија, а во близина на неговиот дом се терените на клубот „Пуенте Романо“, каде што Ѓоковиќ тренира додека престојува во вилата.


Италијанскиот „Кориере дело спорт“ пишуваше за деталите од домот на Новак, па се наведува дека вилата има мала кино сала, теретана, мал спа центар, девет соби, осум бањи, внатрешен базен, дневна соба, рекреација.

„Резиденцијата на Новак во Марбеља се наоѓа на пет минути од центарот на тоа место, со поглед на морето и планините“, пишува италијанскиот весникот за вилата на Ѓоковиќ во Шпанија. Вредноста на вилата се проценува на околу 10 милиони долари!



Спонзорирани линкови

Маркетинг