Вучиќ првпат за планираниот атентат: „Во дописот од ЕУ имаше 7 имиња, се знае кој требало да донесе оружје“

Точка

22/01/2022

21:50

14.416

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, првпат ѝ се обраќа на јавноста откако е обелоденето дека се подготвува атентат врз него.

Претседателот се обраќа од воз. Тоа е необично место за интервју, а по тој повод Вучиќ вели:

„Нема поубаво место за обраќање од овој прекрасен воз кој го купивме од Швајцарија“.

Претседателот се поздравил со машиновозачот со кој претходно се запознал.


„Германците надгледуваат, за месец, месец и половина одиме во Нови Сад“, рекол Вучиќ.

„30 години работно искуство, кога почнав да работам, не ни помислував дека некогаш ќе се возам со овој воз“, рекол машиновозачот.

„Тука сме затоа што баравте некое поинакво место“, му се обраќа потоа Вучиќ на водителот на Телевизија Пинк.

Претседателот истакнува дека ќе заплачел од среќа кога го видел возот кој сообраќа на линијата со брзина од 200 километри на час.


„Одев во војска со воз, и секогаш на натпревари. Луѓето секогаш сакаат возови. Оттогаш, никогаш не сум се возел со воз. Верувам дека од 15-ти март сите луѓе ќе можат да го возат овој воз, изгледа прекрасно и е нешто што успеавме да промениме“.

За планираниот атентат

„Една земја од ЕУ нѝ даде оперативни сознанија и нѝ даде многу детали. Ви благодариме за тоа. Но, луѓето имаат свои проблеми, не сакаат да живеат и со моите проблеми. Затоа мислам дека тоа не е од посебно значење на луѓето. Јас морав да работам на 14, 15, 16... И тогаш ѝ се обратив на јавноста, но тоа не го споменав“.

Запрашан дали е загрижен за информацијата, тој вели:

„Тоа е на надлежните служби, горд сум што година и два месеци немаме мафијашко убиство, последното ми се чини беше убиството на Бојан Митиќ, во ноември 2020-та година“.

„Во тоа писмо имаше седум имиња од повеќе земји. Дали е тоа точно или не, не можам да кажам. Надлежните органи прават сè за да го спречат тоа. Таа земја од ЕУ беше крајно фер, разговараа со нашите луѓе, беа распишани потерници... Се знае кој требало да донесе оружје, кој кому да го предаде... Сè си има име, тоа не се празни приказни“.

„Важно е да се каже дека направивме многу со големото апсење на нарко картелот. И затоа на некои им пречиш. Никогаш не сум видел или слушнал некој од личноста што ја видов на списокот, така што нема ништо лично. И, се разбира, дестабилизацијата на Србија би била во интерес на сите“.

„Најважно за нас е да ја зачуваме стабилноста и да ја продолжиме борбата против нарко-картелите, тоа е она што ги интересира обичните луѓе“.

„Безбедносните структури се подобруваат. Луѓето ги интересира дали некој ќе му дава дрога на нивното дете на училиште. Мораме да бидеме посилни таму“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг