Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти се трансплантираат бубрези од починат донор

Макфакс

22/01/2022

16:56

2.855

Големина на фонт

а а а

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт.

Министерството за здравство информираше дека храброто семејството на покојниот одлучило да ги донира органите од својот близок .

„По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега“, велат од Министерството.

Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

„Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.

И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“, велат од Министерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг