Голема тага: Почина мајката на младиот херој Марко Пејчиновски - Тој и посвети пливачки подвиг, таа безрезервно веруваше во него!

Нетпрес

22/01/2022

17:04

6.956

Големина на фонт

а а а

Охриѓани се во тaга по веста дека почина Виолета Пејчиновска, медицинска сестра од Охрид.

Граѓаните, колегите, пријатели ја опишуваат како жена со големо срце.

Била секогаш спремна да помогне на сите, секогаш имала насмевка на лицето и била ведра.

Виолета беше мајка на нашиот херој Марко, кој пред три години го преплива езерото и покрај инфаркт на нозете.

Тој со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Едно од последните пливања го посвети токму на нејзе, неговата мајка.

Во насловот на видеото на младиот Марко стои: Ова видео го поcветyвам на мојата мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг