Почина Аки Рахимовски, пејач на групата „Парни Ваљак“

Точка

22/01/2022

14:36

10.655

Големина на фонт

а а а

Пејачот на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, почина на 67-годишна возраст.

Веста за неговата смрт беше објавена на официјалната Фејсбук страница од бендот „Парни Ваљак“:

„Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ви кажуваме дека денеска, на 22.1.2022 година засекогаш заспа Аки Рахимовски“, пишува во објавата.

“Za malo nježnosti

na sve ću pristati

za malo nježnosti

da mogu zaspati”


Dragi prijatelji, s neopisivom tugom u srcu vam javljamo da je danas, 22.1.2022. zauvijek zaspao Aki Rahimovski.

Posted by Parni Valjak on Saturday, January 22, 2022

Под фотографијата напишани се и стиховите:

„Za malo nježnosti
na sve ću pristati
za malo nježnosti
da mogu zaspati“.

„Му се слоши утрово, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми се јавија да ми кажат дека починал, не ја знам причината за смртта“, изјавил менаџерот на Рахимовски, Дамир Осредечки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг