Разрешено злосторството кое го следело целиот свет: Свршеникот го признал убиството во бележник, полицијата го затворила случајот

Точка

22/01/2022

14:11

5.219

Големина на фонт

а а а

Брајан Лаундри ја признал својата одговорност за убиството на Габи Петито во бележник кој бил пронајден во близина на неговото тело, открива ФБИ.

Откако светот го шокирала веста за смртта на 22-годишната американска блогерка Габи Петито, која со својот свршеник, 23-годишниот Брајан Лаундри, со комбе одлучила да ги посетува националните паркови на западот на САД и својот пат да го документира на социјалните мрежи, сега се појавиле нови информации поврзани со нејзината смрт.


Брајан Лаундри ја признал својата одговорност за убиството на Габи Петито во бележник кој бил пронајден во близина на неговото тело, открива ФБИ, пренесува "Daily Mail".


Бележникот бил пронајден покрај неговото тело во парк на Флорида, каде бил пронајден мртов во октомври минатата година. Бил во бегство од почетокот на септември, односно откако таа била пронајдена мртва.


Од ФБИ рекле дека ја затвораат истрагата за смртта на Габи откако го пронашле признанието на Лаундри, но не било откриено што точно пишува во пронајдениот бележник.


„Со преглед на бележникот се откриени пишани изјави на господинот Лаундри, во кои презема одговорност за смртта на госпоѓа Петито“, известува "FBI".




Спонзорирани линкови

Маркетинг