Големо европско истражување: Кои автомобили се најквалитетни, а кои се најчесто на сервис?

Точка

21/01/2022

18:39

52.475

Големина на фонт

а а а

Белгиската организација за заштита на потрошувачите "Test Anakoop" спровела големо европско истражување за квалитетот на автомобилите во кое учествувале повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Португалија.

Најголем процент на проблеми (17 % дефекти) се јавуваат на електричните склопови и функции, како што се акумулатори, светла, кревачи на прозорци и централно заклучување.

Нешто помалку автомобили (13 % од случаите) мора да одат на сервис бидејќи кочниците не работат оптимално. На трето место се дефектите на бензинските и дизел моторите.


Автомобили со најмалку проблеми се оние на "Lexus", која е луксузна марка на "Toyota". Само 5% од возачите на овие автомобили морале да одат на сервис за време на гарантниот рок поради дефект.

"Lexus" исто така преводел на листата за најдоверливи автомобили во претходните две изданија на оваа анкета. "Toyota" и повеќето други јапонски марки се исто така на врвот.


Најдобро рангиран "Европеец" не е ниту "Mercedes" ниту "BMW", туку "SEAT", а на дното на табелата се три многу скапи брендови. "Jaguar", "Land Rover" и "Tesla". Електричните автомобили од фабриката на Илон Маск имаат најниска оценка од сите марки.

Моделите со мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми, речиси по правило се дизел возилата.

Меѓу најдоверливите возила во главно наидуваме на бензински и хибридни погонски системи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг