Дали би користеле маска која прикажува емоции со помош на ЛЕД светла?

Точка

21/01/2022

15:06

40.084

Големина на фонт

а а а

Маската со висока технологија која ги прикажува емоциите на корисниците со помош на ЛЕД светла, пристигна на пазарот.

Маската на украинската технолошка компанија "Qudi" доаѓа со соодветни проѕирни очила, кои исто така имаат ЛЕД светла.

Покрај ажурирање на програмот, постои и комуникација во реално време.

Ако оној што ја носи маската кимне во знак на согласност, маската го прикажува зборот "да" со зелено светло.

А кога лицето зборува, анимирана уста се отвора и затвора. Кога ќе одмавнете со главата, се прикажува "не" со црвена боја.


Капакот за устата е опремен со 199 паметни ЛЕД пиксели.

Тие формираат дисплеј кој има шест вградени емоции: љубов, насмевка, шок, збунетост, лутина и лице од мачка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг