Крцкави и неодоливи: Рецепт за домашни пилешки медалјони полнети со кашкавал

Точка

21/01/2022

15:37

45.820

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да си подготвите вкусно јадење кое ќе ве воодушеви, тогаш овој рецепт е токму за вас.

Состојки:

- 500 грама пилешко филе;
- половина главица кромид;
- малку лук во прав;
- 50 грама мајонез;
- малку чили;
- една лажичка шеќер;
- една лажичка сол;
- една лажичка мелена пиперка;
- 150 грама кашкавал.


За похување:

- 1 јајце;
- малку брашно;
- 50 милилитри вода;
- 200 грама презла.

Подготовка:

Прво, потребно е пилешкото месо да го ставите во блендер, тоа ќе го направите така што филето ќе го исечкате на коцкички кои може да се стават во блендер, а потоа истото ќе го направите и со кромидот.

Добиената смеса ставете ја во чинија каде ќе ги додадете зачините и сè добро ќе измешате.


Значи, додадете ја солта, шеќерот, мелената пиперка, чилито, биберот, мајонезот и лукот во прав. Сè добро измешајте и соединете. Потоа ставете ја добиената смеса во фрижидер да отстои околу половина час.

Време е да ја подготвите смесата за похување. Ќе ги измешате јајцата, брашното и водата, потоа од смесата со пилешко ќе оформите топчиња, а во средината на секое топче ќе ставите кашкавал.

Потоа извалкајте ги топчињата во смесата за похување, па во презлата.

Пржете на загреано масло за јадење додека не заруменат од двете страни.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг