Пронајдена дрога во скопско Јурумлери, приведен дилер на кокаин и марихуана

Макфакс

20/01/2022

21:07

2.988

Големина на фонт

а а а

Приведен е жител на скопското село Јурумлери кај кого била најдена дрога.

Полицијата денеска по претходно добиена наредба од Кривичниот суд Скопје, извршила претрес во домот на Т.Т. (43) при што била пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка. Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал. По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг