Сателитските снимки откриваат застрашувачки број на руски трупи во близина на Украина

Точка

20/01/2022

19:05

5.813

Големина на фонт

а а а

Додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Берлин на уште една рунда преговори во врска со ситуацијата во Украина, сателитските снимки кои ги пренесува "Reuters" прикажуваат руски воени возила, прекриени со снег, како стојат на поле во Јелња.

Јелња се наоѓа во северозападното руско подрачје на Смоленската област, на 120 километри од границата со Белорусија и 260 километри од Украина.

Исто така, снимките прикажуваат и бројни руски оклопни возила во Климово, кое се наоѓа на само 35 километри од границата со Украина.


На денот кога биле направени овие фотографии (19-ти јануари), американскиот претседател Џо Бајден предизвикал многу критики, бидејќи се чинело дека прави разлика меѓу можен "мал упад" на руските сили во Украина и целосна окупација.

Белата куќа подоцна се обидела да ги разјасни коментарите на американскиот претседател, велејќи дека "доколку руските воени сили ја минат границата со Украина, ова е нова интервенција и на неа САД ќе одговорат брзо, остро и координирано".




Спонзорирани линкови

Маркетинг