Трајковски претставен како засилување за Феникс 2010

Дерби

20/01/2022

17:23

11.801

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010, денеска го претстави репрезентативецот Бојан Трајковски како големо засилување за продолжението на сезоната.

Трајковски доаѓа од редовите на актуелниот лидер Пелистер и јасно е дека ќе ги зголеми амбициите на скопскиот тим, кој по досегашните дванаесет рунди има учинок 6-6.

Феникс 2010 го најави дебито на Трајковски во новиот дрес веќе на следниот натпревар против Работнички.

Во првиот меѓусебен дуел на овие екипи сезонава, Работнички го победи Феникс 2010 дури по продолжение.

??? ДОБРЕДОЈДЕ БОЈАН!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Трајковски е ново име на нашиот тим! Крилниот центар во...

Posted by BC Feniks 2010 on Thursday, January 20, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг