Нов скандал во Австралија – тенисерот позитивен на коронавирус влегол во земјата: Како тој не е закана по јавното здравје?

Точка

20/01/2022

15:13

3.254

Големина на фонт

а а а

Германскиот тенисер Александер Зверев открил дека сигурно би имало позитивни играчи на коронавирус, кога некој би ги тестирал на коронавирус при влез во земјата.

Иако Австралија тврди дека има строги правила, поради кои беше депортиран Ѓоковиќ и му даде повод за тужба, Андреј Рубљов тврди дека не го тестирале на првиот гренд слем сезонава.

Тенисерот кој неколку пати имаше спорни изјави за Новак, односно неговото учество на Австралија опен, сега истакнува дека бил позитивен при влегувањето во Австралија, но и дека повеќе никој не го контролира.


Тој поминал доволно време во карантин, па иако позитивен влегол во земјата тој не е закана по јавното здравје.

„Мене лично сега не ме тестираат затоа што штотуку прележав коронавирус. Кога летав во Австралија уште бев позитивен, но нивото на ковид СС, како што се вика тоа, нема да лажам, беше многу ниско и не беше опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Освен тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин“, открил Андреј Рубљов.

Поради тоа што неодамна прележал коронавирус, не морал да прави тестови?


„Можеби и натаму би бил позитивен. Но, повеќе не сум заразен и опасен. Поради тоа што бев болен, повеќе нема да правам ПЦР тестирања“, објаснил Русинот.

Да ве потсетиме, голем скандал на Австралија опен му се случи на Бернард Томиќ кој во текот на натпреварот се жалеше дека не се чувствува најдобро, но продолжил да игра. Два дена подоцна добил позитивен тест на коронавирус кој потврдил дека бил во право додека го „убедувал“ судијата дека има коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг